Атрактивната пејачка Теа Трајковска ја немаше подолго време, но со причина. Таа периодов заедно со својот тим го доработуваше својот „Пекол”, кој е всушност создаден од пред две години.
Станува збор за нејзината најнова песна која носи наслов “Пекол”, на која како автори на текстот се потпишуваат Магдалена Цветковска и токму Теа, а пак, музиката и аранжманот ги изработија вештите раце на хит-мејкерот Лазар Цветковски.
„Пекол” се случи во едни пеколни времиња за мене, и поради тоа со мојот продуцент Лазе ја именувавме така. Сепак, пораката на самата песна е позитивна, а насловот совршено си залепи со текстот. Песнава ја имаме веќе две години, но со мојот тим сметавме дека не и беше вистинското време за неа, па сега кога пеколот заврши решивме да ја поклониме на публиката со оптимистичка мисла – вели младата пејачка.
За новата песна Теа има и лирик-видео, кое го изработи Дарко Видановски.