Радио Милева

„Кога сфати дека доаѓа крајот ни одржа лекција“: Емотивна исповед на мајката на Дона Арес

„Кога сфати дека доаѓа крајот ни одржа лекција“: Емотивна исповед на мајката на Дона Арес

Помина една година од смртта на Азра Колаковиќ позната како Дона Арес која по долга борба ја изгуби битката во борба против ракот.

Нејзината мајка првпат се огласи по нејзината смрт и во потресна исповед зборуваше за годината која помина откако почина пејачката.

„Остануваат болката и тагата, но остануваат и храброста и силата кои ги делеше на луѓето околу себе. Годината зад нас беше претешка, посебно бидејќи на некој начин бевме поврзани со музиката. Од тоа нема ништо. Ни музика, ни Дона. Од мала ја подржував, а посебно се зближивме последните шест месеци, кога остана дома и сфати дека се ближи крајот“, вели мајката на Дона за Авас и додава дека тешко ја поднесува загубата на ќерката.

„Верувајте ми, од време на време не станува полесно туку потешко. Единствено што ме одржува е што храброста и силата што ни ги остави. Кој и да каже дека времето лечи се, лаже. Живеам така што тагата ја чувам за себе. Секој ден е потежок. Кога сфати дека доаѓа крај, ни одржа лекиција и ни порача: „До последен момент мора да бидете силни, да се борите секој ден од почеток“. Ние се трудиме да и ја исполниме желбата“, вели мајката на пејачката.

Дона до последен момент се надеваше дека ќе ја победи болеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ajka Kolakovic (@ajka_kolakovic_causevic) on

„Ќе се исплачам и ќе продолжам понатаму како што правеше таа. Често зборувавме за нејзината болест и ми велеше: „Што и да се случи, немој да се менуваш, остани силна заради мене. Не плачи пред другите, остани силна поради мене“, изјави мајката на Дона.

Дона последните седум дена беше во кома и не беше свесна за случувањата, но се до последен момент се надеваше дека ќе ја победи болеста.

To top