Промотер

„Невен“ – нов звук од „Баклава“ (ВИДЕО)

„Невен“ – нов звук од „Баклава“ (ВИДЕО)

Македонската музичка група Баклава го објави спотот за песната „Невен“ кој е направен во синемаграф стил, спојувајќи ги видеото и фотографијата.

Музиката ја потпишува Елена Христова, додека текстот на Дејан Сибиновски-Сибо.

Вокалите се на Елена, а во песната учествуваат музичарите Дејан Теодосиевски (чело и пијано), Драган Стојковски (тамбура и бас), Гоце Наумов (тапани и перкусии), Јордан Костов (хармоника) Амон Мра (усна хармоника), Дејан Сибиновски-Сибо (деф).

Видеото е снимено на скопски локации каде е застапена бруталистичката архитектура спојувајќи ја невообичаената костимографија во која ја гледаме Елена, со острите црти на овој правец, на еден уникатен начин.

Песната ја води една оптимистичка порака: Невен не венее!, кога најчесто се соочуваме во тмурните есенски денови, размислувајќи за стареењето и нашата конечност.

To top