Зорана Павиќ редеше хитови и беше многу активна на музичката сцена во деведесеттите години, но откако одлучи во медиумите да се појавува сепоретко како пејачка и и’ се посвети на водителската кариера.
Пуликата имаше можност да ја гледа на ТВ во емисијата „Кој ви даде термин“? Но и покрај тоа што некогаш беше многу популарна, таа одлучи да води повлечен и тивок живот, со помала застапеност во медиумите.
Во 2009 година, се зборуваше дека има рак на грлото на матката, но таа ги негираше информациите и рече дека се работи за специфична болест која ја заковала за креветот, не сакајќи да објаснува премногу детали.
Сфатив дека мојот проблем е предизвикан од емоционален шок што го доживеав, па го спакував во фиока, се преправав дека не постои. Сè што ми се случило во минатото предизвикало сериозно хормонално пореметување што ме закова за кревет. Но, тоа беше ситуацијата со која морав да се борам. Проблемот е личен и автентичен, но јас не сакав јавно да зборувам за него ниту тогаш ниту денес. Можеби тоа е моја грешка што не кажав и не ги спречив инсинуациите. И покрај болеста, работев, но бев изложена на јавноста“, ќе изјави таа своевремено за „Ало“.
Пет години подоцна, во 2014 година, Зорана доби и помали срцев удар, но и покрај тоа, таа се’ уште е оптимист, а веселиот дух ниту после се низ што минала, не ја напуштил.