Во последниот период во медиумите се појавија вести поврзани со семејството Атијас, односно можевме да прочитаме дека Анабела Атијас го пријавила сопругот за физичко насилство и дека се разведува.
Меѓутоа, Анабела не се огласи се до сношти кога беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“ и првпат јавно прозбори за проблемите во бракот.
„Се што се случуваше последните години дена го промени нашето семејство, но не уништи. Се креваме како феникс бидејќи тоа сме ние“, изјави Анабела и додаде:
„Имаше мала кавга, но немаше физичко насилство. Се уште сум ожената жена и се надевам дека така ќе биде до крајот на животот. Не сум некој кој брзо донесува одлуки и се откажува, а посебно не од семејството, вели пејачката.