Радио Милева

Водителката се одлучи: Миа Костова ја покажа… „лепотицата“! (ФОТО)

Водителката се одлучи: Миа Костова ја покажа… „лепотицата“!  (ФОТО)

Македонската водителка, русокосата Миа Костова, колку е екстравагантна, толку е и егоцентрична во некои свои постапки. Така барем мислат оние, кои можеби одблизу и не ја познаваат доволно. Од една страна професионалец – парекселанс кога е работата во прашање,  грижлива и посветена мајка – кога се работи за  родителството, но и склона на потези кои понекогаш благо речено ја изненадуваат јавноста, а некого дури и го шокираат!

Така, македонската ТВ „Мерлинка“ имаше храброст да се осмели и да биде меѓу првите јавни фаци во земјава кои се разголеа за насловницата на „Плејбој“, додека постоеше македонското издание! Тоа беше тогаш, а сега… Сега Миа собра храброст да се разголи одново, за да ја покаже, како што таа си ја нарекува, „лепотицата“!

Токму последните постирани фотографии на социјалните мрежи го потврдуваат тоа. А на нив, русокосата ТВ убавица, гордо го покажува своето разголено раме и десната рака на која Миа ја истетовира својата „лепотица“!

До душа, нејзината „убавица“ се ’ уште не е завршена, иако е речиси при крај! Тату мајсторот Мичиќ – Јуниор вели дека „лепотицата“ бара уште работа… Уште едно 3-4 часа, ама полека… Има време! А, зошто токму таква и толкава тетоважа и што  тоа симболизира „лепотицата“…?  Прашајте ја убавицата!

To top