Кога станува збор за мода на српската сцена дефинитивно доминира Јелена Карлеуша, па не е ни чудно што ја копираат светски ѕвезди.
Ким Кардашијан беше фотографирана на аеродром во невообичаена модна комбинација.
Ова модно парче имавме прилика да го видиме на Јелена Карлеуша во август оваа година, а познато е дека Ким Кардашијан не пропушта ниту еден моден тренд, па и познатата старлета се најде во иста модна комбинација како и Карлеуша.
Станува збор за модни парчиња и високи чизми со принт на долари кои предизвикаа голем интерес кај љубителите на модата.
Ким, високите чизми ги комбинираше со мантил, додека пак Јелена ги комбинираше со шорцеви.