Изминатите неколку месеци српската пејачка Лепа Брена е носталгична по минатото, ако се суди според објавите кои постојано се редат на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа годинава одбележува 35 години кариера, а веќе почна и со активна концерта турнеја.
Во Скопје доаѓа на 15 декември, а сега на својот профил објави видео од спотот за песната „Сањам“, каде вози бесен мотор, а таа е уште „побесна“ кога е изгледот во прашање.
Облечена во куси шорецеви кои ги истакнуваат долгите нозе, Брена со тоа го најави концертот на 20-ти октомври во „Штарк Арена“ во Белград.
Кој ли може да го заборави овој нејзин изглед, особено не оние кое добро се сеќаваат на животот од поранешна СФРЈ.