По завршувањето на работните обврски, Тања Савиќ се врати во Австралија каде што ќе помине одреден период со своето семејство.
Савиќ се приклучи во живо на Инстаграм, а во еден момент имаше голема посетеност од страна на нејзините фанови кои сакаа да ја видат.
Таа се вклучи од својот дом од Австаралија, а покрај неа беше нејзиниот сопруг и неколку пријатели.
Тања почна да им се обраќа на фановите, а набрзо се вмеша и нејзиниот сопруг, прашувајќи што е тоа, а пејачката објасни дека се вклучила во живо.
Во еден момент Савиќ почна да зборува на англиски, а ја прекина нејзиниот сопруг.
„Ајде остави го тоа, немој да се снимаш. Немој да се правиш идиот. Тоа е смешно“, велеше Душан, а Тања се правеше дека е шега.
По исмејувањето на нејзиниот англиски, на Тања и стана непријатно, па продолжи сама да комуницира со фановите, а сопругот постојано и велеше да се исклучи.
View this post on Instagram
„Тања што се глупираш и зборуваш англиски. Што е ова 300? Не ми требаат твоите фанови“, велеше Душан.
Подоцна, еден фан го поздрави сопругот на пејачката, па двајцата продолжија да комуницираат со следебениците.