Јелена Карлеуша важи за една од најекстравагантните јавни личности во регионот. Секогаш стокмена тип-топ, во скапи брендирани модни парчиња од различни марки, од фризура и шминка, до гардероба, обувки, накит и аксесоари… Но отсекогаш кај неа тоа не било така!
Пејачката ги раскажа своите почетоци и откри колку и било тешко на стартот од кариерата кога немала пари. Таа не криеше дека на нејзиното прво ТВ гостување се појавила без хулахопки, бидејќи немала пари да ги купи.
„Кога почнав во 1995 години, среде војната, морав да се снаоѓам, бидејќи она што сакав да го носам, не можев да го купам, немав ниту каде, ниту со што да го купам“ – искрена е Карлеуша.
„Многу често не можев да си купам ниту чорапи. И се сеќавам на моето прво ТВ појавување, имав ужасна трема и се појавив во шиено сребрено фустанче од позајмен материјал, а немав ниту хулахопки, зашто немав пари да ги купам“ – открива пејачката во едно ток шоу и додадава:
„Имав ужасна фризура, и бев пренашминкана за девојка од 16 години. Изгледав 10 години постара“ – ја завршува својата приказана за првиот ТВ настап Карлеуша.