Радио Милева семеен роденденски подарок

Ќе ви се стопи срцето: Со емотивен пост и семејна фотографија мајка и’ на Ноне и го честиташе роденденот (ФОТО)

Ќе ви се стопи срцето: Со емотивен пост и семејна фотографија мајка и’ на Ноне и го честиташе роденденот (ФОТО)

Македонската морепловка и бивша пејачка Нона Неделковска денес слави роденден. На дамите не им се бројат годините се разбира, ама затоа им се бројат честитките и подароците.

Бидејќи е далеку од родниот Велес, Ноне не можеше да прими подароци од најблиските, ниту пак да ги почести за роденденот!  Ама затоа тие неа ја почестија со роденденски честитки, подарувајќи и ги најискрените емоции од длабочината на душата и срцето и посакувајќи и се најубаво, се разбира преку социјалните мрежи.

Но од сите честитки, се чини, најубава, најискрена и најемотивна е онаа – мајчинската. Впрочем од мајчинската љубов има ли нешто повредно и посвето?

Така, нејзината мајка Мимоза за роденденот на својата Ноне и ја испрати најубавата честитка во постот, поткрепен со семејната фотографија на која сите се собрани.

„Светот им прави пат само на оние кој знаат каде чекорат.Една од нив си и ти, нека светот ти ги отвори патиштата до сите твои желби и убавини. Живеј го секој убав миг, сакај ги оние што те
сакаат,нека те следи среќа секој нов ден. ТЕ САКАМЕ И МНОГУ НИ НЕДОСТАТУВАШ морепловецу наш. Среќен роденден“ – и пишува во постираната роденденска честитка мајката на својата ќерка.

Во исто време среќна што ја има, а сепак тажна што не е во тој момент до неа да ја гушне, бакне и да и честита онака како што само родителот знае и умее да му се радува на своето дете. Како што впрочем и самата Ноне и го честиташе пред некој ден роденденот на својата сакана мајка:

Затоа и од нас, редакцијата на Вистина.мк: Среќен роденден Ноне!

 

To top