Откако речиси целото лето го помина во родната Македонија, а малку беше и во посета на Америка, фолк пејачката Татјана Лазаревска ги спакува куфетите и повторно се качи на авион на пат кон Австралија каде со семејството живее веќе неколку години.
Но, пред да се поздрави со роднините, поријателите, колегите, пејачката одлучи да направи една провокативна фотосесија која ќе и послужи за настапите и секако како промотивен материјал на социјалните мрежи.
Токму таму, на нејзиниот профил се најдоа фотографиите на кои е облечена во ултра кусо црно фустанче со кое застана во провокативни пози кои веројатно и станаа омилени.
Носи црно ама на одредени делови проѕирн, баш во пределот кај нозете.
View this post on Instagram
Татјана си сфатила за работата која ја работи, особено во фолк водите, во денешно време не поминува без провокација, па си се фати на работа.