Пред некој ден пејачот Стеван Анѓелковиќ го кажа судбоносното „да“ и заплива во брачните води со Наташа.
Пејачката Милица Тодоровиќ беше кума на свадбата, а на церемонијата дојде заедно со нејзиното момче Милош Пауновиќ.
На прашањето дали подготвила подарок на Стеван, таа одговори:
„Телевизор, лампа, правосмукалка, миксер. Малку нека готви и тој. Не ги знаев овие обичаи, па ме потсетија“, изјави Тодоровиќ.