Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го чекаат своето прво дете, а пејачката досега не се огласи за својата бременост.
„Не зборував и драго ми е што денес сме тука. Се одморив бидејќи летото беше напорно“, изјави Александра која објасни дека Филип ја чува.
Таа истакна дека има уште неколку настапи, а дека неколку и откажала.
„Имам уште неколку настапи, во октомври ќе завршам.Освен тоа што ќе работам, ќе снимам и песна. Па, ќе се видиме после март, изјави Пријовиќ и истакна дека била пресреќна кога дознала за бременоста.
„За сега, важно е дека се е во ред и дека одлично се чувствувам, а не би можела да зборувам за тоа, тоа е моја интима, вели снаата на Брена.