Радио Милева свадбени ѕвона

Се омажи уште една македонска ТВ водителка: Цеце Трајковска од утринската на Телма го кажа судбоносното „ДА“ (ФОТО+ВИДЕО)

Се омажи уште една македонска ТВ водителка: Цеце Трајковска од утринската на Телма го кажа судбоносното „ДА“ (ФОТО+ВИДЕО)

Уште една македонска ТВ водителка „стапна на лудиот камен“.  Половна од понежната половина на квартетот водители на утринската програма на ТВ Телма, атрактивната Цеце Трајковска вчера му го кажа судбоносното „ДА“ на својот доскорешен партнер, сега сопруг, Стојанче Тодосовски.

Свадбената забава необична и модерна, а на неа се разбира главни невестата и малдоженецот – среќни, весели, вљубени, насмеани и разиграни.

Жежок свадбен танц, наместо свадбен валцер. Цеце покажа облечена во едноставен но ултрамодерен свадбен фустан со висок шлиц, покажа дека танчарските квалитети ги има во секој свој чекор, водејќи го младоженецот низ свадбениот танц со сигурност и заводливост… веројатно, како и низ животот!

Главни на свадбата покрај останатите гости, колегите на невестата од утринската на Телма: Елена Митева, Марко Марк и Гоце Андреевски.

Ова се првите фотографии кои осамнаа на социјалните мрежи, на кои колегите на младата невеста и посакаа најубави нешта.

Особено Елена која на невестата, а и оваа нејзе си ги шепнаа нештата кои само тие ги знаат и посакуваат, а истите останаа нивна мала тајна.

Безгрижните шепотења на двете колешки ќе се обидеме да ги дознаеме наскоро, а дотогаш…

Среќен брак на Цеце и нејзиниот животен сопатник Стојанче и од редакцијата на Вистина.мк!

To top