Популарната водителка Сузана Манчиќ неодамна и официјално стапи во брак со својот долгогодишен љубовник, грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос. Сепак таа сосема не се пресели во Грција, туку постојано живее на релација Белград – Атина, што кај нејзиниот сопруг предизвикува незадоволство.
Во едно неодамнешно интервју за српски Блиц, Сузана одговори зошто е тоа така, како и за тоа како ја поминала првата брачна ноќ.
„И Симеон постојано за тоа ме прашува. Основна причина што не се преселив сосема во Атина е мојот водителски ТВ ангажман. Јас се’ уште работам и имам обврски во Белград. Освен тоа ќерка ми се’ уште не дипломирала, а и законите за добивање грчко државјанство и пасош не ми се нешто многу благонаклонети. Ми рекоа: г-ѓа Манчиќ, прво треба 12 години непрекинато да живеете во Грција во брак со Вашиот сопруг, па потоа би можеле да добиете… Нека – благодарам!“ – со смеење одговори водителката и продолжи:
„А што се однесува до првата брачна ноќ… Па како да ја минеме после сиот тој свадбен метеж? Легнавме и заспавме отепани од замор! Но, не грижете се, имавме ние двајца доволно убави ноќи и пред и по свадбата…“ – одговори со смеење Манчиќ.
И навистина е во право, што можеше и јавно да се види од едно од нејзините „домашни видеа“ кои осамнаа на Интернет, во кое русокосота милфица токму се беше снимала во жешка акција со денешниот сопруг!