Многу популарни личности се плашат да покажат како изгледале пред да станат популарни.
Меѓу нив, не е и Ким Кардашијан која неодамна објави фотографија од својата младост.
Покрај тоа што е старлета, Ким е и ТВ водителка, модни дизајнер, манекенка и актерка.
Таа е родена во Лос Анџелес и има 37 години, а стана популарна во реалното шоу „Во чекор со Кардашијанови“.
Ким се реализира во улога на мајка пред 5 години кога ја роди ќерката Норт Вест, а по 3 години го роди синот Сеинт Вест.
Ким на Инстаграм објави фотографија од својата младост, а во описот напиша: 7 одделение.