Оваа сабота започнува новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што ќе има и неколку македонски претставници.
Оваа година ќе има многу промени и нови правила, а на местото на Аца Лукас ќе седи пејачот Џорџе Давид.
Џорџе откри што мисли за Јелена која е позната по тоа што нема влакна на јазикот.
„Јелена среде емисија ми кажа: Гледај, мајсторе, полека. Тоа Јелена, Јелка, Јеца, Карлеуша, те молам, не ме викај така. Мене ќе ме викаш само Јелена“, вели пејачот и додава дека Јелена е луда. Тој истакна дека Карлеуша може да препознае дали некој може да биде ѕвезда или не.
Тој истакна дека пред неколку месеци Саша Поповиќ го поканил да биде таинствен член на жирито и дека му било интересно, а таа емисија била најгледана.