Радио Милева

Ова се најмоќните жени во Србија

Ова се најмоќните жени во Србија

На српската сцена многу жени со текот на годините се истакнаа и заземаа важна позиција, но и имаат и влијание меѓу народот.

Една од најмоќните жени е Светлана Цеца Ражнатовиќ која со својот стас и глас ги воодушевува фановите. Цеца зад себе има богата музичка кариера, но и големо богатство кое го стекна со текот на годините.

Една од највлијателните жени во српското новинарство е уредничката на забавната програма, личност без влакна на јазикот, новинарката Оливера Ковачевиќ.

Газдарицата на најголемата издавачка куќа, телевизија и шоу програма е пејачката која успеа на многумина да им го промени животот. Станува збор за Лепа Брена, газдарицата на „Гранд“, и сопственичка на неколку приватни бизниси.

На листата се наоѓа и Милица Митровиќ, газдарицата на Пинк, која заедно со Жељко Митровиќ ги прави најгледаните реалити шоуа.

Најголем хит мајстор во нашиот регион, кој знае да направи вистински хит и вистинска песна е текстописецот Марина Туџаковиќ. Марина има напишано многу хитови за најпопуларните пејачи во регионот како што се Лепа Брена, Цеца, Нина Бадриќ и сл.

Во редот на моќни и успешни жени спаѓа и Сека Алексиќ, пејачка чии хитови се пеат од разни генерации.

Сопственичката на ДМ САТ телевизија има армија на фанови. Станува збор за Драгана Мирковиќ која има телевизија, продукција, но и приватни бизниси со нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ.

фото:принтскрин

To top