Радио Милева Раскошна домаќинка:

Викторија Лоба на „генерална проба“: Дојди… малку да те освежам! (ФОТО)

Викторија Лоба на „генерална проба“:  Дојди… малку да те освежам! (ФОТО)

Викторија Лоба може слободно да каже дека ова е нејзина година! Песни, меѓу кои „Дојди“, ја понесе  наградата за поп хит на годината на тукушто завршениот Македонски радиски фестивал – „МАРС 2017“, бројни фотосесии, спонзорства, избор за заштитно лице на познати брендови… Во 2017 -та Лоба имаше можност од се да проба и во се да биде подеднакво успешна!

Дури и во приватниот живот годинава и „цветаат рози“, зашто пејачката конечно се скраси на едно место – на заеднички живот со својот сакан! Врската оддамна им е официјализирана останува, она формалното… човекот да ја побара, а таа да каже – да!

Во меѓувреме, заедничкиот живот има свои предности, ама има грст обврски… домашни секако! Ама „пишувањето домашно“ не го подразбира само она што се подразбира кога живееш со некого, тулу заедничкиот дом има и домашни работи кои треба да се завршат! А кога веќе си дошол да живееш тука, мора и да се покажеш! Чистење, готвење, перење, пеглање… секако! Ама современите мажи бараат и да се покажеш со подраскопчана бањарка после капење, на пример… Па, длабоко да вдишеш пред да ги споделиш љубовните задоволства…

Или рано изутрина да станеш од топлата постела онака, по секси долна облека за да и подготвиш природен сок од  два свежо цедени лимона на твојата од страст „исцедена“ посилна половина? Па и една витаминска бомба човекот да проба, од неговата „секс-бомба“ Викторија Лоба!

„Дојди,  малку да те повозам…“ – пее таа во својот поп хит на годината. А, по утринското „возење“, следи  ново изненадување во вид на витаминско освежување!

 

 

To top