Популарната хрватска пејачка Нина Бадриќ е позната по баладите, а многу често знае и таа сама да ги напише.
Пејачката летото го помина работно, со настапи во регионот, снимања на музичкото шоу „РТЛ ѕвезди“ каде што пејачката ќе биде член на жири, но и со снимања на нов видео запис кој е најава за новиот албум на пејачката.
„Да, излезе новата песна која е најава за албумот кој треба да излезе околу Божиќ. Едвај чекам, последните две години работам во студио. Не е лесно да најдете 12 или 13 песни кои нешто кажуваат. На почетокот на песната зборувам за приказни за кои верувам дека многумина се препознаа. Песната „Рекао си“ е секојдневна приказна во која се пронајдов. Некој се пошегува дека тоа е песна за разводи. „Дани и године“ е песна за венчавки, а сега имам и една песна за разводи. Мислам дека секоја жена ќе се пронајде во песната каде се прекршуваат ветувањата, вели Бадриќ за Стори.
Погледнете го видео записот за „Реако си“ кој за еден ден има 172 000 прегледи.