Промотер

Дарко Цветковски алиас Darles Flow и Викторија Лоба се „немирни“ – „Restless“ (АУДИО)

Дарко Цветковски алиас Darles Flow и Викторија Лоба се „немирни“ – „Restless“ (АУДИО)

Викторија Лоба има нова песна… И тоа пее на англиски“ – би рекле помалку упатените, иако не се далеку од вистината. Имено, македонската пејачка со руско потекло деновиве се појави како вокал во темата „Restless“, зад која стои уште едно „наше дете“, композиторот и продуцент Дарко Цветковски кој се потишува како Darles Flow.

Истиот е автор на музиката и ја потпишува продукцијата на овв трака, додека мелодијата и стиховите се на Марга Сол, во чие студио е песната снимена и за чија „М-Сол продукција“ е издадена.

„Дарко, чест ми е што гостувам во твојата нова трака… Благодарам М-Сол рекордс“ – напишала Лоба во својата благодарница постирана на социјалните мрежи.

За по дома, додека возите автомобил, на плажа, во диско, за везден, пуштете си ја  „Restless“ и уживајте.  Викторија Лоба има нешто сосема поразлично од тоа до сега да ви каже! Слушнете и што:

To top