Како што пишува весникот “Српски телеграф”, победничката на „Задруга“ добивала заканувачки пораки од еден моќен српски политичар.
„Кристина не реагира на заканите и навредите што често ги доживува, но еден моќен и богат човек и направи проблем. Тој е моќен политичар, а Кија му се допаднала на прв поглед додека престојуваше во „Задруга“. Неговите најблиски пријатели се исмејувале со него, бидејќи тој не се одделувал од телевизорот со денови, и постојано ја гледал „Задруга“ токму поради неа. На сите им кажал дека многу му се допаднала и дека таа е неверојатна. Велел дека е добра риба, девојка по негов вкус. Кажувал како најмногу би сакал да се сретнат некаде веднаш штом ќе го напушти реалното шоу. Бил импресиониран од фактот што Кристина е независна, способна и образована“ – тврди добро информиран извор за ссрпски „Телеграф“ и продолжува:
Неколку дена по завршувањето на ‘Задруга’, тој успеа да се сретне со неа на еден јавен настан. Дојде кај неа и рече дека сака да зборуваат насамо, а дека разговорот ќе се однесува на нејзината пејачка кариера. Тој и кажал дека познава многу влијателни луѓе кои би можеле да и помогнат. Потоа размениле телефонски броеви и по неколку дена се договориле да се сретнат во еден престижен ресторан на ручек. Додека разговарале политичарот на Кристина јасно и ставил до знаење колку му се допаѓа, па извадил скап ѓердан со Сваровски кристали и сакал да и го подари. Сепак, Кија му дал до знаење дека тој не ѝ се допаѓа и дека не може да очекува таква повратна реакција од неа. Му рекла дека во овој период таа не е заинтересирана за било каква емотивна врска и дека е дубаво од него што се однесува како вистински џентлмен. Во тој момент, политичарот се обидел да максимално да се исконтролира криејќи го бесот, по што љубезно ја платил сметката и си си заминал од ресторанот“ – вели изворот, додавајќи дека потоа почнуваат маките за Кристина:
-„Штом се разделиле, во порака и напишал дека е подготвен да и ‘даде 2.000 евра, автомобил и стан, ако таа помине само една ноќ со него. Kија првично не одговорила на неговата порака, но откако тој продолжи да и додева, учтиво му рекол дека не сака да има ништо со него, освен чисто пријателство. Тоа го разбеснело и во тој момент решил да сврти друг лист. Тој почнал да и се заканува, бидејќи му прпработела суетата. Почнал да и пишува: „Ти изгледа немаш поим со кого имаш работа. Подобро би ти било сериозно да размислиш повторно, зашто ако се изнервирам – ќе исчезнеш! А веќе сум многу бесен заради ова“ – завршува изворот со изјавата за „Српскиот Телеграф “.