Maкедонскиот пар, пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски во понеделеникот станаа родители на своето прво дете, ќерката Илина.
Вчера, тие си заминаа од болницата, а во интервју за „Ексклузив“, Сара прозбори како се чувствува.
„Чувството не може да се раскаже, треба да се доживее. Не можам да го опишам со зборови“, вели Сара по породувањето.
Таа истакна дека Димитар кој бил присутен на чинот на породувањто.и бил најголемата поддршка во текот на бременоста и во текот на породувањето.
„Секоја чест за Сара што го направи тоа. Ќе го паметам цел живот, како да гледате документарен филм. Јас бев и хумористичнатанота во текот на породувањето, вели Димитар.
Парот отрки дека кога дознале дека Мејс е бремена се договориле доколку детето е машко да го крсти Димитар, а доколку е женско името да го даде Сара.
Некои од познатите личности кога ќе станат родители не ги покажуваат децата одредено време. Меѓутоа, Сара и Димитар беа поразлични, па на официјалната страница на Фејсбук од болницата каде се породи Сара се појави фотографија од тазе родителите и нивната ќерка Илина.
фото: притнскрин/фејсбук