Ќерката на Мадона и поранешниот телохранител Карлос Леон, се појави на модна писта и го шокира светот.
Лурд Марија Чиконе – Леон беше модел за колекцијата „Gypsy Sport Spring Summer 2019‘, а на модната писта се прошета со градник направен со школки и ланчиња.
Манекенката носеше црни гаќи кои и беа до папокот, а на косата имаше зелени пердуви.
Меѓутоа, ќерката на Мадона најголем впечаток остави со тоа што на модната писта се појави со влакнасти нозе.