Сара Мејс вчера, 10-ти септември 2018, за прв пат стана мајка, а чинот на породувањето „случајно или намерно“ го искористи во маркетиншки цели. Имено, додека пејачката го раѓаше своето прво чедо, малата Илина, во исто време на социјалните мрежи и порталите го промовираше и видеото за песната „Црна капина“. Таа ваквата „коинциденција“ однапред ја најави на својот „Фејсбук“ профил, објавувајќи дека многу е извесно оти промоцијата на нејзиното ново видеоќе се случи во исто време со породувањето.
„Драги пријатели, понеделнички во 9:30 наутро ќе биде публикувано целото видео за ‘Црна капина’ на мојот јутјуб канал. Се е спремно, наместено на ауто (фала јутуб за тоа) за во случај ЕВЕНТУАЛНО да сум #ПодзафатенаСоДавањеЖивот. Песната и спотот да можат слободно да запловат во етерот“ -ќе напише пејачката.
Песната „Црна капина“ инаку е тема која дел од деби албумот на пејачката „Floating Through Space with Sarah Mace“.
„Ова ми е една од најубавите песни на албумот. Не е комерцијална, ама чудесна е“ – открива Сара.
Анимираното видео е правено на цртежи нацртани од Дарко Петковски, а истото го реализираше Љупка Андоновска.
Како изгледа видеото за песната “Црна капина“ на Сара Мејс Костадиновска на денот кога таа стана за прв пат мајка, погледнете во продолжение.