Радио Милева Славна фамилија:

Ирена Спировска е ем позната, ем спортска тетка ! (ФОТО)

Ирена Спировска е ем позната, ем спортска тетка ! (ФОТО)

Македонската ТВ водителка која важи една од најискусните, од оние кои се со најдолг стаж на телевизија, згодната Ирена Спировска како да застанала во времето! Секако кога е нејзиниот физички изглед во прашање. И денес изгледа како и некогаш, а за тоа секогаш постои добра причина. Генетиката е секако број 1, но покрај мајката природа има уште нешто. А тоа се вика: здрав живот!

Имено, Ирена секој слободен момент го користи за престој во природа и… спортување!

Пешачење, планинарење, падобранство, кајак, мотокрос… водителката нема што не пробала! Ем позната, ем сестрана, „спортска тетка“!

Она – „тетка“, не е заради годините! Никако! Конечно,  дамите ниту се прашуваат, ни им се бројат годините! Ирена е и буквално спортска тетка од едноставна причина што нејзиниот внук се вика Столе Стоилов – нашиот ракометен ас на РК Вардар и капитен на македонската репрезентација!

Таа неодамна постираше заедничка фотографија со него направена на промоцијата на новиот албум на Дани, покрај која напиша… „Со внукот“!

Што значи… тетка! И тоа не обична… Алфа тетка!

Да појасниме: Не заради возраста во однос на ракометарот… Заради крвното сродство со него!

 

To top