Во месец ноември и декември во Турција се случуваат доста премиери на нови серии, а една од нив е и серијата насловена „Kardesim Benim“, во која актерот Бурак Озчивит игра главна улога.
Иако неодамна се повреди на завршните сцени од снимањето, Бурак успеа да закрепне и да се појави на црвениот килим од премиерата и тоа заедно со сопругата Фархие Евџан која не го остави сам за овој важен ден.
Имено, досега се случија две промотивни претставувања на серијата, а популарната двојка се појави пред обожавателите во свечено елегантно изгание, тој во црн костим, а таа најпрвн во црвена, а подоцна во сина тоалета.
Иако двајцата важат за едни од најубавите Турци, овој пат Фахрие му ја украде славата на саканот.