Рејчел Бленд, водителка на ББС, дознала дека боледува од рак на дојка од ноември 2016 година. Во август годинава и е соопштено дека поради зголемена вредност на енземи не може да учествува во клинички експеримент за нов лек, што значи дека и било објаснато дека деновите и се броени.
-Зборовите на легендарниот Френк Синатра, се плашам дека мојот час чукна, пријатели. Така одненадеж. Ми кажаа дека има само неколку ена живот. Се е надреално и им се заблагодарувам на сите за поддршката која ми ја пружаа, порача водителката на Твитер.
Таа со сопругот Стив со имаат двегодишниот син Фреди. Својата борба со ракот ја документира на својот блог „Големото Р, малата јас“, а водеше и радио емисија посветена на истата тема.
Од времето кога дознала дека боледува од страшната болест се посветила да создаде спомени за својот син, а пишува и книга.
-Во книгата се содржани сите приказни и совети кои би му ги кажала на синот кога ќе биде голем, но сега не можам тоа да го кажам. Се надевам дека ќе му помогнам низ животот, вели несреќната мајка.