Се сеќавате ли на македонскиот пејач кој ја отпеја песната „Море од солзи“? Ламбе Алабаковски повеќе не се занимава со музика, а последна песна од него е „Ти само кажи“.
Некогашниот македонски пејач своето време го посветува на својот син Михаил и својата сопруга.
Родителството е благослов од Бога и е дефиниција за совршена љубов. После Михаил ништо не е исто”, рече пејачот за својот син, изјави во една прилика Ламбе.
Пејачот живее во Америка, а микрофонот го смени со работа како обезбедување на аеродром.
Днеес, Ламбе изгледа поинаку од своите почетоци, па ретко кој би го препознал на улица. Пред неколку дена Алабаковски на Инстаграм сподели фотографија со семејството.