Аца Лукас важи за еден од најпопуларните пејачи во регионот, а за неговиот приватен живот се пишува доста.
На сите им е познато дека Лукас беше во брак со Соња Вукшановиќ со која ја има ќерката Викторија. Парот се разведе, по што не останаа во добри односи се до неодамна кога познатиот пар беше на сеемен ручек во Будва.
Пред да се заколне на вечна љубов со Соња, Аца имаше два брака.
Со првата сопруга Светлана Вуксановиќ ја има ќерката Миљана која работи во Гранд.
За разлика од Соња, Светлана не се појавува во медиумите. Таа работи во една продавница за здрава исхрана.
фото: Фејсбук