По враќањето од летниот одмор на грчкиот остров Миконос, на пејачката Елена Ристеска не и требаше многу време за повторно да се спакува и да замине на нова дестинација.
Овој пат, изборот беше на нешто подалечна – прекуокеанска авантура во која се впушти пред окоолу една недела.
На нејзиниот профил осамнуваат нови и нови фотографии од убавиот Мајами, а Елена засега не откри која е целта на посетата, дали само туристичка или пак со некои професионални планови.
Но, со оглед на објавите, дека се забаува тоа е сигурно.
На дел од фотографиите таа го потенцираше панорамскиот поглед кон Мајами зад неа, но дури и таквата убавина беше засенета од нејзиното длабоко деколте во црниот градник од тантела кој се истакна во фокус.