Речиси сите турски медиуми деновиве се преплавени со написи за наводната нова љубовна врска на српската пејачка Емина Јаховиќ (36) и турскиот милионер Садетин Саран (54).
Според локалните медиуми, Емина и Садетин тајно се гледаат нешто повеќе од еден месец, а папараците ги следат речиси во чекор, со цел дауловат и дознаат нешто повеќе за оваа нова љубовна двојка.
Поранешниот менаџер на Фенербахче, а денес претседател на Саран Холдинг и Емина се познаваат уште оддамна, кога пејачката која до неодамна беше во брак со Мустафа Сандал дојде во Турција.
Откако се разведе од Мустафа, со кого беше во брак од 2008 година, нејзиното срце наводно го освоил 18 години постариот милионер, со кого тајно се гледаат како би ги избегнале папараците и медиумите.
Така, Емина пред два дена била цел на неколку турски новинари, кои ја чекале пред фризерскиот салон повеќе од три часа за да ја прашаат за новата љубов.
Таа се разгневила излегувајќи салонот и бесно ја треснала вратата, на што новинарот ја прашал:
„Зошто се лутите на прашањето за Садетин? Ако не сте во врска, зошто тоа не го демантирате“?
Од друга страна, Саран медиумите го пречекале на аеродромот Ататурк, каде на прашањето за врската со Емина, го изјави следново:
“Никогаш не одговарам на вакви прашања, па нема ниту сега“ – рекол тој.
Турскиот милионер до сега се женел двапати и има ќерка. Инаку, Мустафа последниве денови како што тврдат турските медиуми, е „во пеколот“ поради огромната алиментација.
Наводно, Мустафа почнал да ги продава скапите часовници и прифаќал да глуми во филмови од категорија, за да може на Емина да и ја плати огромната месечна алиментација од 25.000 фунти. Како што пишува српски “Ало!”, Мустафа е должен да плати 15.000 и 10.000 фунти месечно за синовите на Јавуз и Јамана. Исто така, тој има обврска со својата скапа јахта да ја дели со Јаховиќ, која нема намера да ја продаде. А се зборува и дека 250.000 евра го чинела куќата што ја изградила Емина во родниот Нови Пазар.