Радио Милева нова непријатност

Убиена под мистериозни околности, а Сораја најмногу ја сакаше: Старлетата во шок – остана без својата мачка (ФОТО+ВИДЕО)

Убиена под мистериозни околности, а Сораја најмногу ја сакаше: Старлетата во шок – остана без својата мачка (ФОТО+ВИДЕО)

Српската старлета Сораја Вучелиќ е во шок! Откако пролетоска беше ставена на листата на непожелни личности во Србија кои се доведуваат во спрега со криминалното подземје, па не и беше дозволено да влезе во својата татковина и беше вратена од црногорската граница, Сораја доживеа нова непријатност.

Имено, додека таае во еден вид на „егзил“, на својата пријателка и ги остави своите миленичиња на чување, за таа да се грижи за нејзините куќни љубимци, кучето и и мачката.

На старлетата особено и беше драга нејзината мачка од ретката раса Сфинкс, која е мошне специфична зошто е една од ретките кои се раѓаат без крзно и некои сметаат дека се многу грди, па дури и  страшни, иако се едни од најскапите мачки, чија цена се движи од 300 до 3000 долари.

Сораја токму своето „голо маче“ го чуваше како „очите во глава“, спиеше со него, го гушкаше, милуваше, бакнуваше… па дури и го капеше во када со млеко и свежи цветови.

Деновиве таа прво постираше видео  на социјалните мрежи, а крај него и текст: Колкав монструм мора да биде некој за да го убие невиното животно и мој куќен љубимец? До која мера одат човечката омраза и болест, и некој ќе одговора ли за овој вид на криминал“?

A post shared by Sara (@sorajavucelic) on

Од приложеното е јасно дека нејзината „гола мачка“ била убиена од непознато лице. Но за трагедијата и мистеријата да бидат поголеми, то не се случило на улица.

„Очекувам денес да дознаам кој монструм ми ја убил мачката во станот на М.Ј.на Врачар и се надевам дека ќе се спаси моето куче од истата судбина, кое исто така се наоѓа на таа адреса и се’ уште е живо, се надевам“ – втората порака постирана покрај сликата од мачката на Сораја.

Сепак, до ден денес нитујавно е објавено, ниту таа обзнани дали е фатен и кој е идентитетот на убиецот на недолжното животно, кои се мотивите и која е судбината на вториот домашен миленик на старлетата – песот?!

 

To top