Луна Џогани одлучи да стане учесничка на „Задруга 2“, а победничката на првата сезона, тазе пејачката Кија Коцкар не се штедеше отворено да каже што мисли за тоа.
Откако Луна јавно потврди дека повторно влегува во реланото шоу, Кија веднаш ја прашаа за коментар, на што победничката на ова шоу смета дека на Луна таму и е местото.
Кија образложи и на што точно мислеше:
-Само кажав дека го најде местото каде припаѓа, а тоа и е подобро отколку да биде модна блогерка, зарем не, јиз насмевка вели Кија во емисијата „Приемиера“.
На Луна веројатно нема да и биде драго кога ќе го слушне ова, бидејќи како што истакнува, модата е нејзината основна преокупација.