Писателката, музичар и ТВ водител, Сузана Турунџиева во своето работна биографија сега додава ново поглавје за кое ги извести и своите следбеници и пријатели на социјалната мрежа Фејсбук.
Имено, таа сега покрај настапите во клубови и ресторани и пишувањето, својата професионална агенда ја дополни со работата во една позната и реномирана компанија за часовници, па по тој повод напиша вака:
Драги пријатели!
Со гордост ви најавувам дека од денеска започнувам едно ново поглавје во мојот професионален живот. Како човек – жена, која цел живот се труди и успева секое невреме да го претвори во ВРЕМЕ, секогаш пронаоѓам нови професионални предизвици и неуморно ги поместувам границите на моите знаења и можности, бидејќи сум убедена дека за креативниот и упорниот човек не постојат граници. Еден од најбитните детаљи кои прво ги забележувам кај човекот е неговиот часовник. Тој, МНОГУ зборува за конкретниот човек. И ете, мојата долгогодишна љубопитност и истражување на тоа поле, денес ме донесе до местото каде ќе можам низ пракса да си одговорам на прашањата кои цел живот си ги поставував…
Инаку, Сузе минатата година го загуби својот сакан Марјан, од кој ја има ќеркичката Матеа.