Македонскиот пејач Јоце Панов стави крај на ергенскиот живот и по 10 годишна врска стави потпис во матично и „заплива“ во брачните води.
Јоце вчера по 10 годишна врска се ожени со Марина Нацевска, а пејачот на својот Фејсбук сподели фотографија од свадбата.
Марина е во бела веначаница со чипка во која го покажа бујното деколте, а Панов се одлучи за елегантен костим.
“Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина,“ изјави неодамна Јоце Панов за “Вечер” .