Сопругата на популарниот македонски рапер Марко Маринковиќ – Слаткар, Сања Николиќ, пред неколку дена имаше убав повод за славење.
Некогашната мисица и ТВ водителка отсекогаш била дискретна кога е во прашање приватноста на социјналните мрежи, но затоа нејзиниот сакан, не толку е резервиран и понекогаш знае да објави нешто заедничко и да откри детали од нивниот брачен живот.
Имено, Сања пред неколку дена наполни 36 години, а на нејзините профили се редеа роденденски честитки од пријателите. Освен непосредно, Марко доби желба тоа да го направи и преку Инстаграм, па објави нејзина фотографија и напиша:
-Среќен роденден на мојата убава сопруга,напиша Марко.
За свадбата специјално и напиша песна, а можеби и за роденденот смислил нешто оригинално во негов стил.