Радио Милева

Тамара Тодевска на слатки труднички маки: Хомоните најмногу и вријат по полноќ

Тамара Тодевска на слатки труднички маки: Хомоните најмногу и вријат по полноќ

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска е во втората бременост, а за неколку месеци повторно ќе стане мајка, овој пат на машко бебе.

Бог ја дарувал да ја има радоста со девојче и момче, а кон средината на бременоста како и секоја трудница и таа има свои одредени желби и потреби.

Имено, Тамара е од поактивните трудници и нема проблем со вечерните излегувања и до доцните часови, по што очигледно не мора да си легнува рано.

Но кога е во прашање храната, нејзините хормони најмногу работат особено во ноќта.

Деновиве беше излезена во град со пријатели и на Инстаграм откри дека доцна по полноќ изела симит и кифла, а потоа дека претерала и со благо, односно еклер.

По породувањето со Хана доста се потруди да се врати во посакуваната форма, а сега веројатно веќе како искусна ќе и биде полесно.

фото:инстаграм

To top