Ким Кардашијан и Кање Вест прозборија за тоа да имаат уште едно дете.
Популарниот пар многу е благодарен на сурогат- мајка која пред седум месеци им помогна да добијат ќерка.
„Дефинитивно размислуваат за тоа, но ништо не е сигурно. Повторно ќе имаат сурогат мајка, но Чикаго е уште мала. Има време“, вели извор близок на парот.
Во едно интервју Ким зборуваше за децата, но сепак смета дека во еден момент ќе треба да му се посвети на сопругот.
„Мојот дом и моето срце се исполнети. Бројот на деца ќе биде четири. Не верувам дека ќе можам да издржам да имам повеќе деца. Немам многу време, но мислам дека е важно мајката да посвети време и на сопругот и на децата, изјави Ким.
фото: профимедиа