Убавата Анџелина Џоли после Лондон каде престојуваше за снимањето на новиот филм „Злурада“ со децата се врати во Лос Анџелес, каде е фотографирана со шопинг.
Актерката за оваа прилика се облече во елегантно издание, а макси фустаност го прикриваше нејзиното тело.
На нозете имаше класичен модел на високи потпетици, но преслабите листови и зглобовите на нозете ја издадоа колку е слаба.
Потсетуваме, Анџелина веќе одамна има проблем со килограмите, а се пишуваше и дека по разделбата и проблемите со Бред Пит станала анорексична.