На фолк-пејачката Елена Велевска и требаше бегство од драмата која ја преживува откако откри дека поднела барање за развод од сопругот поради семејно насилство кое го трпела со години.
Таа е активна на социјалните мрежи и не ги остава следбениците и обожавателите во љубопитност за тоа што прави и и се случува деновиве.
За да се опушти од напорниот период, таа заедно со децата замина на море, а од плажа објави неколку фотографии на кои изгледа одлично.
Морето, сонцето, плажата и секако љубовта на најмилите е онаа која веруваме дека ќе ја нахрани со сила и позитивна енергија.
фото:fb/instagram