Водителката и авторката, Јелена Баќиќ Алемпиќ речиси никогаш не ги покажува членовите на семејството, па затоа немаме многу прилики да ја видиме заедно со сопругот.
Јелена моментално се одмара, а на својот Инстаграм сподели фотографија заедно со својот сопруг со кого е во брак 25 години.
Водителката ужива во брак со судијата во Врховниот суд во Нови Сад, Мирослав Алемпиќ со кого ја има ќерката Дуња и синот Марко.
Јелена често потенцира дека Мирослав и е голема поддршка.