Радио Милева

Една грешка можело да промени се: Непознати детали за свадбата на Брена и Бобо

Една грешка можело да промени се: Непознати детали за свадбата на Брена и Бобо

Познатата пејачката Лепа Брена и некогашниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ пред 27 години го кажаа судбоносното „да“ и запливаа во брачните води.

Тогаш нивната свадба беше наречена „свадба на деценијата“, а и ден денес се зборува за неа..

Синот на Боба, Филип Живојиновиќ неодамна се ожени со Александра Пријовиќ, меѓутоа колку и да беше гламурозна свадба, тие не успеа да ги надминат Брена и Боба чија свадба тогаш чинше 50 000 тогашни марки.

Брена и Бобо деновиве имаат голем повод за славење бидејќи на почетокот на следната година ќе го добијат нивното прво внуче.

Свадбата на Брена и Бобо се одржа во познат хотел пред 600 гости .

Пред почетокот на свадбата во фоајето на хотелот, Брена и Боба ги пречекуваа гостите од целиот свет.

Меѓутоа, една мала грешка можела да промени се.

Имено, неколку часа пред свадбата во салата каде што требаше да се одржи церемонија пукнала водоводна цевка, па целата декорација била преместена во нова сала.

Инаку, на свадбата на Брена и Бобо немаше политичари, меѓутоа имаше многу присутни од музичката сцена меѓу кои и Драгана Мирковиќ.

фото: јутуб/принтскрин

To top