Деновиве голема прашина во медиумите се крена кога беше објавена веста дека македонската фолкерка Елена Велевска се разведува од нејзиниот сопруг Марјан Мирчески.
Таа преку Фејсбук статус ги потврди информациите дека покренала бракоразводна парница и дека одлучила да стави крај на насилството.
Од друга страна, нејзиниот сопруг за нашиот портал објасни дека за разводот бил известен преку неговиот адвокат на 27 јули, но дека се уште не добил документи. Исто така, тој ги демантираше информациите дека се разведуваат поради насилство.
Елена и Марјан се во брак веќе 11 години, а заедно имаат три деца. На социјалните мрежи нема фотографии од нивната свадба.
Меѓутоа, пред неколку години пејачката ја издаде песната „Невеста“, а за снимањето на спотот облече бела венчаница.
Еве како изгледаше Велевска како невеста во нејзиниот спот во кој како младоженец се најде нејзиниот колега Благоја Груевски.