Најпопуларната „Ѕвезда на Гранд“, Александра Пријовиќ во јуни официјално стапи во брак со синот на Слободан Боба Живојиниќ, Филип Живојиновиќ.
За нивната свадба се пишуваше дека е свадба на деценијата, а уште од почетокот на нивната врска младиот пар е актуелен во медиумите.
Неодамна познатата пејачка откри дека е бремена, па заедно со Филип ќе се остварат во улога на родители на нивното прво дете.
Меѓутоа, семејството Живојиновиќ денес има уште повод за славење, а тоа е роденденот на Филип.
Александра со емотивина порака на Инстаграм му го честита роденденот на својот сакан, а честитки пристигнаа од сите страни.
„Среќен роденден на мојот најдобар сопруг на светот. Те сакам!, напиша Пријовиќ во описот на фотографијата.