Откако минатата 207 година ја претставија првата песна насловена „После дождот“, бендот „Фикшн“ ја објави својата нова тема „Некој друг“. Тие преку социјалните мрежи го претставија новитетот и напишаа:
-Другарки и другари, со огромно задоволство ви ја претставуваме нашата нова песна “Некој Друг” на која работевме изминатиов период.
Инаку, автор на музиката и текстот е гитаристот на ова трио, Виктор Захариев, а аранжманот е заеднички со колегите Петар Ѓуревски (вокал) и Филип Андонов (гитара), додека аудио продукцијата е на Љупчо Павловски (студио Анастасија). Сето тоа го дополнија гостите Симеон Ангеловски на бас-гитара и Дарко Цакиќ на тапани, а го визуализираше Калин Бибан со моделот Елена Ристовска.