Постарата ќерка на фолк пејачката Сања Сани Гроздановска, Викторија денес слави роденден, а по тој повод нејзината мајка се огласи на социјалните мрежи и напиша емотивна порака.
– Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце….моето сè. Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава!, напиша Сани во описот на фотографија која ја објави на својот Фејсбук.
Инаку, претходната година во ноември месец, Сани се оствари во улога на мајка по втор пат, а Викторија ја доби сестричката Ева.