На венчавката на познатата тенисерка Серена Вилијамс, меѓу многуте познати личности кои беа поканети, се најде и 38- годишната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан.
Кардашијан за првпат се појави во издание со кое ги изненади сите. Таа конечно успеа да се облече понормално и да не предизвика шок и скандал.
Имено, таа за оваа прилика одбрала тесен долг фустан на прерамки, а на нозете носела сандали со висока потпетица, потпишани од нејзиниот сопруг.
Сепак Ким покажа дека и со наједноставната комбинација таа зрачи со сексипил.