„Инструментал бенд“ со видеозапис и преработка на големиот хит „Полско цвеќе“ ја одбележува 10-годишнината од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го изгуби нашата музичка легенда Тоше Проески, а целиот регион беше обвиен во црно.
Преработката на песната е во продукција на Михајло Манојловски, а видеозаписот е снимен во режија на Куба Видео на неколку локации во Крушево, на брегот на Преспанското езеро и во Националниот парк „Пелистер“.
На видеозаписот се појавува уметникот Александар Поповски, сликајќи го портретот на Тоше, но и кавалџијата Алекс Петковски. Бендот изразува огромна благодарност до сите кои несебично се вклучија во овој проект и ја поддржаа неговата реализација.
Меѓу нив се: Спомен куќата „Тодор Проески“ и директорката Елена Мирчевска, Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ – Битола и Александар Жежовски, Connect Beach – Сливница, Националниот парк „Пелистер“, Агим Џело (асистент на камера), Благоја Масак Кечулкоски и Тони Леко Карапанчевски. Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ постои од 2005-та година, а во него членуваат Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара